Греењето во објектите и домовите, индустријата и постарите автомобили се главните причини за загаденост во воздухот, смета министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Тој на ТВ21 изјави дека помеѓу 16 и 17 попладне, и до 22, 23 и 24 во текот на ноќта драматично се зголемува загадувањето на воздухот.
– Причината за ова е што граѓаните се враќаат дома и го вклучуваат греењето, но тоа не се само домовите на луѓето, туку и други објекти во државата, а потоа имаме и воздушен притисок. Значи, една од причините, за жал, е греењето во нашите објекти и домови. Друга причина дефинитивно е индустријата што треба да се контролира, и можеби треба да има поригорозни контроли во иднина – посочи Нуредини.
Министерот додава дека како трет главен загадувач на воздухот се и постарите автомобили.