Министерот за борба против корупција, Николовски се пофали дека заплениле путер со поминат рок

2,541

Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција и криминал на Фејсбук се пофали дека Агенцијата за храна и ветеринарство запленила путер со поминат рок.

– Во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба. Производот е повлечен од пазарот.  Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност, напиша Николовски.

 

Поврзани содржини