МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ БАРА ЧАРЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО ПАСОШИТЕ Одржа средба со амбасадорката на Грција

На средбата со Филипиду, Тошковски го презентираше проблемот со недостиг на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање.

509

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција во земјава Софија Филипиду, на која го презентираше проблемот со недостиг на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање.

 

На средбата, како што информираат од МВР, беа потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.






Поврзани содржини