МИНИСТЕРОТ НАСЕР НУРЕДИНИ ОД ДУИ ЈА ДАЛ ДОЗВОЛАТА ЗА СКЛАДОТ ВО ТРУБАРЕВО Потписот е на човек избран од Ахмети и другар на Османи, обвини Вреди

Од Вреди велат дека ДУИ 20 години раководела со екологијата во државата. За тие две децении, како што наведуваат, создадоа депонија во центарот на Тетово, депонија во центарот на Кичево, депонија веднаш до Струга, како и десетици депонии околу Скопје и наместо решенија, ни оставија отровна животна средина.

177

Министерот на ДУИ Насер Нуредини ја дал дозволата на складиштето во Трубарево, соопшти денеска коалицијата Вреди. Како е можно ДУИ да го обвинува Изет Меџити за дозвола потпишана и издадена во време кога министер е Насер Нуредини, прашува Вреди.

„ДУИ е партијата што ја дала дозволата за работа на складиштето за електронски отпад во Трубарево, отпад што се наоѓа во населено место, веднаш до градот Скопје. Потписот на дозволата за работа на овој ризичен отпад е на министер, личен избор на Али Ахмети и близок и личен другар на Бујар Османи.






ДУИ денес се обидува да ја префрли одговорноста врз други, но граѓаните знаат дека токму оваа партија е главниот виновник за еколошката катастрофа која ја живее Скопје и цела Северна Македонија. Бујар Османи е во тежок зорт кога почна да си ги мести и своите сопартијци, во овој случај неговиот довчерашен колега Насер Нуредини“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Оттаму додаваат дека ДУИ 20 години раководела со екологијата во државата. За тие две децении, како што наведуваат, создадоа депонија во центарот на Тетово, депонија во центарот на Кичево, депонија веднаш до Струга, како и десетици депонии околу Скопје и наместо решенија, ни оставија отровна животна средина.

„ДУИ управува и со јавното претпријатие задолжено за отпадот во Скопје. Директорот е нивен кадар. Ако денес Скопје се гуши во чад и отрови, тоа е директна последица на нивното партиско владеење и нефункционалност на институциите под нивна контрола.
Додека граѓаните живееја во загаден воздух и отровна почва, функционерите на ДУИ купуваа трговски центри, фотоволтаични централи и нафтени бизниси. ДУИ нема право да зборува за екологија. Тие се симбол на партизација, корупција и урбан хаос. Граѓаните на 19 октомври ќе кажат стоп на оваа политика и ќе изберат власт што ќе ја врати чистата животна средина, ќе ги затвори дивите депонии и ќе воведе ред во управувањето со отпадот“, се додава во соопштението на Вреди.

 

Поврзани содржини