Министерот Маричиќ: И стапнавме на опашката на мафијата, ги боли тепихот под кој 12 години буткаа предмети!
Единствениот тепих што ги боли е тепихот под кој 12 години буткаа предмети. Тепих кој сега се подигнува. Ваквите лаги, конструкции и тотални измислици кои веќе се пласираат во низа, се директна потврда дека сме на вистинскиот пат. Ќе ги издржиме. Бидете уверени дека нема ништо да не поколеба да продолжиме со длабоките реформи во правосудството, во кое се надевам во иднина ќе нема место за сите кадри кои тргувале со правдата, вели министерот Маричиќ.
Сосема е јасно дека се работи за оркестриран напад од центар кој е вознемирен. На мафијата и е стапнато на опашката, а сега доаѓа редот и на главата. Токму поради тоа се и овие очајни крици, вели министерот за правда Бојан Маричиќ, откако денеска Плусинфо побара да ги коментира пишувањата за наводен случај на корупција поврзан со неговиот татко Момир Маричиќ, додека бил јавен обвинител во скопското обвинителство.
Има ли вистина во пишувањата дека Момир Маричиќ додека бил обвинител барал подарок за противуслуга од двајца адвокати кои тврдат дека купиле и му подариле тепих, го прашавме минисерот Маричиќ кој ваквите тврдења ги оцени како лаги, конструкции и тотални измислици:
– Единствениот тепих што ги боли е тепихот под кој 12 години буткаа предмети. Тепих кој сега се подигнува. Ваквите лаги, конструкции и тотални измислици кои веќе се пласираат во низа, се директна потврда дека сме на вистинскиот пат. Ќе ги издржиме. Бидете уверени дека нема ништо да не поколеба да продолжиме со длабоките реформи во правосудството, во кое се надевам во иднина ќе нема место за сите кадри кои тргувале со правдата – вели министерот Маричиќ.
Викендов таткото на Маричиќ, кој се повлече од обвинителската работа и побара да се пензионира пред да седне неговиот син Бојан во министерското столче за правда во вториот кабинет на Заев, беше мета на социјалните мрежи со објава на фотографија направена во Документацискиот центар за нацизмот во Нирнберг. Тоа, предизвика бура од реакции, пред се поради, тенденциозноста на постот во кој беше изоставен делот каде Момир Маричиќ, под фотографија на која е сликан до статуа на Хитлер, пишува „Култот уште живее ама само во вакви музеи кои служат за опомена“.