Министерот Манчевски негативен на ковид-19
Негативен и финално. Излегувам, доста беше. 5:0. Од утре назад во акција, пишува Манчевски.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска на својот фејсбук профил објави дека е негативен на коронавирусот.
– Негативен и финално. Излегувам, доста беше. 5:0. Од утре назад во акција, пишува Манчевски.
Тој им порача на граѓаните да носат маска и да држат дистанца, особено во туристичките места.
– Чувајте се. Носете маска и држете дистанца. Нека не ве лаже летото, особено во туристичките места – напиша Манчевски на својот фејсбук профил.