МИНИСТЕРОТ АЛИУ СМЕТА ДЕКА СЕ МАЛИ ШАНСИТЕ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА МОЗОЧНИТЕ ТКИВА Некоја од институциите може веќе не ги чува документите

Алиу вели дека и според стариот Закон до 2018 година сите материјали, административни документи требало да се чуваат 15 години, а од 2018 година, според ЕУ директивите, сите документи се чуваат 25 години.

76

Министерот за здравство Азир Алиу побарал да се анализираат податоците поврзани со испраќањето ткива од мозоци на македонски пациенти на американскиот Универзитет „Колумбија“ за научно истражување. Тој истакна дека како ресорно Министерство не се надлежни за истрагата, бидејќи станува збор за истражувачки проект, кој почнал во 1996 година.

– За секој проект да биде почнат знаете дека има меморандум потпишан од двете страни, најверојатно меѓу институциите, коишто ги чуваат тие документи, или Универзитетот или МАНУ, или Институтот. Ние не сме надлежни за ниту една од овие три институции, надлежно е Министерството за образование и наука. Ние сме надлежни за давање лиценца или дозвола некоја од институциите  да увезе материјал или да извезе материјал и ние се фокусиравме во тој дел – појасни Алиу.






Министерот за здравство вели дека работната група анализира дали протоколите се запазени согласно стариот Закон, кој бил важечки пред 30 години, бидејќи какошто објаснува, тогаш имало други процедури и МАЛМЕД не постоел посебно, туку бил дел од структурата на Министерството за здравство.

– Мислам дека не треба да брзаме со информации од типот на можни злоупотреби, бидејќи лично ако ме прашувате како човек не како министер и како Министерство, ценам дека многу малку има можност за злоупотреби во овој случај, бидејќи се работи за истражувачки проект помеѓу две земји, а втората земја е САД, којашто има многу јасно дефинирани протоколи, кога се работи за биолошки материјал. Прво овој факт треба да го имаме предвид. Вториот факт што треба да го имаме предвид, што мене лично ми дава комодитет да имам малку дилеми за злоупотреби, е тоа што се работи за Универзитет, којшто е престижен – вели Алиу.

Министерот за здравство додава дека и научникот кој ги вршел истражувањата е човек којшто е познат како светски научник.

– И лично тргнувајќи од себе си, не би дозволил таа држава, тој Универзитет, таа лабораторија да има злоупотреби за импорт на биолошки материјал без да има јасно дефинирани протоколи. Но, лично ова е мое мислење – рече Алиу.

Тој истакна дека од групата бара одговори на прашања и информации како билошкиот материјал е испратен во САД. Алиу вели дека и според стариот Закон до 2018 година сите материјали, административни документи требало да се чуваат 15 години, а од 2018 година, според ЕУ директивите, сите документи се чуваат 25 години. Алиу смета дека токму поради тоа некоја од институциите може да ги нема овие документи во архивите.

 

Поврзани содржини