МИНИСТЕРКЕ, НЕ ВЕ ПЛАЌААТ ДА СИ ИГРАТЕ МАЈТАП НА ФЕЈСБУК! Тренчевска во „војна“ на тема што е жена и дали таа може да има пенис?
„Искрено, во моите 53 години во заблуда сум била! Дал сум жена! Што е жена!“ - коментира министрката на најава за гостување на американски предавач. Организаторите и порачаа да не заборава дека, како министерка, „Вие сте платена од народот за да му служите на овој народ, а не на интересите на платени активисти.“
Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска со омаловажување и иронија коментираше најава дека во Струмица ќе се одржи предавање за теми од родовата проблематика од познатиот конзервативен американски предавач, полтички коментатор и радиоводител Метју Волш, што предизвика револт кај организаторите на настанот и почитувачите на предавачот.
На својот профил на Фејсбук министерката објавува плакатот за предавањето на Волш и го коментира на навредлив начин:
„Откритие на векот! Искрено, во моите 53 години во заблуда сум била! Дал сум жена! Што е жена! И контраверзниот и конзервативен политички коментатор Matthew Walsh (Мет Волш) преку откритието на векот ќе не просветли што е ТОА ЖЕНА. ФАЛА ТИ БОЖЕ!“ – пишува Тренчевска.
Фондацијата Елеуса, како носител на проектот, заедно со Коалицијата за заштита на децата, се јави со реакција и со полемичен коментаар.
„Сметаме дека не смееме да молчиме и да го игнорираме ФБ-статусот на министерката Јована Тренчевска, но и да ја потсетиме дека сè уште живееме во слободно и демократско општество.
Драги браќа и сестри повелете вечер во НУЦК „Антон Панов” и сами носете заклучоци и градете ставови. Не смееме да дозволиме ова да помине, заради доброто на нашите деца!“ – напиша Фондацијата Елеуса.
Партнерската организација Коалиција за заштита на децата и се обрати директно на министерката.
„Почитувана министерке Јованка Тренчевска, за вашите 53 години и министерската позиција на која се наоѓате, требаше до сега да научите дека Вие сте платена од народот за да му служите на овој народ, не на интересите на платени активисти. Освен, ако постојат поголеми приходи што доаѓаат од друга страна, тогаш можеби и ќе разбереме зошто сте го баталиле сопствениот народ, особено оној од родната Ви Струмица.
Го етикетирате Мет Волш и неговиот филм, но намерно изоставате да кажете дека филмот не Ви се допаѓа зашто пластично го разобличува Вашиот предлог-Закон за родова еднаквост, според кој жените можат да имаат пенис и мажите можат да раѓаат. Нели, секој може да си избере каков сака „род“ и „родов идентитет“?
Велите, знаете што е жена и дека сте жена, но не објаснувате како знаете. Всушност, Мет Волш е оној кој го прашува прашањето „Што е тоа жена?“ и ниту еден прогресивен либерал од Ваш калибар не знае да одговори. Па еве, Ви оставаме простор Вие, како 53 годишна жена, да ни дефинирате што е тоа жена.
И за крај, се прашуваме на кој бог се повикувате, откако ја „од*ебавте“ МПЦ, ИВЗ, Католичката црква, Протестантстантската црква и Еврејската заедница? Останува само еден како опција… оној со опашка и рогови“ – се вели во јавното обраќање на Коалиција за заштита на децата.
Инаку, Мет Волш (37) е конзервативен американски политички коментатор и автор. Има сопствен подкаст и е колумнист за „The Daily Wire“. Тој е автор на четири книги и еден од авторите на документарниот филм „Што е жена“? Ова е негово второ гостување во Македонија.