Министерката Ангеловска се откажува од платата додека траат мерките
Мерка со која се откажуваме од аконтативното плаќање на ДДВ во траење од три месеци со остварување на одредени услови од страна на бизнисите. Со тоа ја заштитуваме нивната ликвиднист, тоа значи дека се откажуваме од таа претплата на ДДВ, рече Ангеловска.
Министерството за финансии донесе неколку мерки со кои ќе им помогне на компаниите кои први ја почувствуваа кризата да се справат со проблемите, рече на денешната прес-конференција министерката за финансии Нина Ангеловска.
– Мерка со која се откажуваме од аконтативното плаќање на ДДВ во траење од три месеци со остварување на одредени услови од страна на бизнисите. Со тоа ја заштитуваме нивната ликвиднист, тоа значи дека се откажуваме од таа претплата на ДДВ – рече Ангеловска.
Втората мерка е законско намалување на затезната камата.
– Затезната камата се намалува од 10 на 5 проценти за правно правно лице и од 8 на 4 за физичко лице. Значи ја намалуваме за 50 отсто – рече Ангеловска.
Казнената камата се намалува на 0,15 отсто.
– Провизијата за фискалните каси се намалува за 50 отсто. На банките им препорачуваме да ја намалат провизијата за плаќање – рече Ангеловска.
Мерките, како што рече министерката, се за краток рок.
Ангеловска соопшти дека покрај бескаматните кредити што ќе им бидат достапни на малите и средни фирми во износ од 5,7 милиони евра, се разговара да се овозможат и уште дополнителни шест милиони евра.
Веќе е побарано од Европската инвестициска банка одобрената кредитна линија од 50 милиони евра што се пласира преку Развојната банка на РСМ да се искористи за дополнително ставање во функција на стопанството како помош на ликвидноста поради состојбата со коронакризата.
Се разговара со Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд за користење на интервентните мерки што ги креираат овие меѓународни институции, а што треба да ги стават во функција за еден месец.
– Од СБ очекуваме одговор, тие имаат посебна матрица по која се пресметува, а од ММФ отприлика пресметката која ја имаме добиено е околу 90 милиони евра, рече Ангеловска.
Таа рече дека во постојан контакт е со меѓународните институции кои очекуваат најголем шок да се почувствува во вториот квартал, а додека третиот ќе биде опоравување.
По овој пакет мерки подготвуваме и стратешки мерки за опоравување на бизнисот.
Ангеловска рече дека Буџетот е во добра кондиција, но тоа не значи дека така ќе биде и во наредниот период.
– Ги поздравувам компаниите кои ги ставија своите капацитети на Министерството за здравство за справување со кризи – рече таа и ги повика компаниите кои имаат добивки предвремено да ги платат своите давачки.
Ангеловска рече дека додека траат мерките таа се откажува од платата.