Минималната синдикална кошница за ноември 33.742 денари
Просечно исплатената нето плата во земјава за септември 2020 година изнесува 27.405 денари.
На едно четиричлено смејство во ноември годинава според Синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија му биле неопходни 33.742,1 денар за задоволување на основните потреби.
Од парите 14.149денари или 41,93 отсто на семејството му се потребни за исхрана и пијалоци, 10.808 денари, односно 32,03 отсто за домување. За хигиена требале 2.375 денари или 7,04 отсто, за превоз 2.464 денари или 7,3 проценти, за облека и обувки 2.161 денари, односно 6,41 отсто, за култура 1.066 денари или 3,16 отсто, а за одржување на здравје 716 денари, односно 2,12 отсто.
Просечно исплатената нето плата во земјава за септември 2020 година изнесува 27.405 денари.