МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ВО ОКТОМВРИ ИЗНЕСУВА 65.544 ДЕНАРИ Половина од износот се троши за храна

Тие што се под кирија имаат дополнителен трошок за станарина, вода, електрична енергија и греење, кој според пресметката на синдикатот изнесува  21.505 денари.

202

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2025 година изнесува 65.544 денари и е зголемена за 467 денари во однос на минатиот месец кога изнесуваше 65.077. Со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.919 денари.

Според податоците на ССМ најголем дел од парите четиричлено семејство без автомобил  во октомври  потрошило за храната и пијалаци, 23.772 денари, што е повеќе за 378 денари во однос на потрошеното во септември (23 394 денари).






Тие што се под кирија имаат дополнителен трошок за станарина, вода, електрична енергија и греење, кој според пресметката на синдикатот изнесува  21.505 денари.

 

Структура на новата СMK за месец октомври 2025 година

Месечно по домаќинство Структура во проценти
01 Храна и пијалаци 23.772 36,3
02 Облека и обувки 5.731 8,7
03 Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.130 9,4
04 Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.655 4,1
05 Здравје 1.185 1,8
06 Транспорт 4.673 7,1
07 Комуникации 3.417 5,2
08 Рекреација и култура 5.592 8,5
09 Образование 7.159 10,9
10 Ресторани и хотели 4.131 6,3
11 Останати стоки и услуги 1.100 1,7
Вкупно СМК 65.544 100,0

 

 

Поврзани содржини