МИНИМАЛНАТА БРУТО ПЛАТА ВО КОСОВО ЌЕ ИЗНЕСУВА 425 ЕВРА ОД ЈАНУАРИ Ново зголемување се најавува од јули следната година
Зголемувањето на минималната бруто плата го потврди вршителот на должноста премиер на Косово Аљбин Курти, велејќи дека од јануари 2026 година таа ќе се зголеми за 75 евра, од сегашните 350 на 425 евра.
Минималната плата во Косово од јануари следната година ќе изнесува 425 евра бруто, додека од јули таа ќе изнесува 500 евра, објави агенцијата Анадолу.
Зголемувањето на минималната бруто плата го потврди вршителот на должноста премиер на Косово Аљбин Курти, велејќи дека од јануари 2026 година таа ќе се зголеми за 75 евра, од сегашните 350 на 425 евра.
„Почнувајќи од следниот месец, минималната плата ќе изнесува 425 евра бруто, наместо претходните 350 евра. Од 1 јули ќе започне спроведувањето на втората фаза, каде што минималната плата ќе изнесува 500 евра, како што е предвидено со одлуката на Владата. Од ова зголемување ќе имаат корист околу 150.000 работници во приватниот сектор“, напиша Курти на Фејсбук.
Тој потсети дека ова е трето зголемување на минималната плата за време на неговиот мандат.
Минималната плата, која претходно беше помеѓу 130 и 170 евра, не беше променета повеќе од една деценија.