Минимална плата од април ќе изнесува 15.194 денари

Исносот на минимална нето плата се усогасува еднаш годишно врз основа на три параметри предвидени со Законот за минимална плата.

471

Минмалната плата од април годинава се зголемува за 1,7 отсто  и ќе биде во нето износ од 15.194 денари или бруто 22.146 денари.

Ваквиот износ на минималната плата е добиен по усолгасувањето  според Законот за минимална плата, односно според параметрите  една третина од порастот на просечно исплатената плата во земјата, една третина од порастот на индексот на трошоците на живот, како и  една третина од реалниот пораст на БДП.






Со ова усогласување минималната нето плата се зголеми за 239 денари. Таа досега изнесуваше 14. 955 денари.

Со овој износ на минималнатап лата не се согласуваат синдикатите кои бараа еден од критериумите односно ењдна третина од реалниот пораст на БДП да биде изземен при утврдувањето на годинашната минимална плата. Синдикалните пресметки беа дека на тој начин ќе се овозможи зголемување на минималната плата за 446 денари.

Во земјава 10 отсто од работници или околу 75.000 земаат минимална плата.

 

Поврзани содржини
na