МИНИМАЛЕЦОТ ДА БИДЕ 18.000 И К-15 ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР ВЕДНАШ Синдикатот бара ова да се реши утре на средбата со Владата!

Овие барања на работниците се егзистенцијални и неопходни за да се преживее оваа криза, велат од Сојузот на синдикатите на Македоија.

769

Работниците очекуваат позитивен одговор на предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати согласно Колективен договор и Закон и регрес за годишен одмор за работниците во јавниот сектор (К-15), како од пратениците така и на утрешната средба во Владата, порачуваат од ССМ и бараат веднаш да се прифатат нивните барање.

– Во оваа ковид, економска и енергетска криза потребно е зголемување на платите, а тоа го покажува и анализата на еминентните професори која покажува дека зголемувањето на минималната плата нема негативен ефект врз фирмите и не влијае врз намалувањето на нивната профитабилност. Напротив, со растот на платите на вработените, кај нив се зголемува мотивацијата, а со тоа и продуктивноста со што не се забележуваат промени во профитабилноста на фирмите или дека за да се зголеми продуктивноста треба да се зголеми минималната плата, а со тоа ќе се зголеми и додадената вредност на фирмите, односно БДП, велат од ССМ.






Согласно аргументите, анализите и фактите, потенцираат, бараме во понеделник да се прифатат барањата на работниците кои се егзистенцијални и неопходни за да се преживее оваа криза.

Поврзани содржини