Мини концерт на Брас квинтетот на Филхармонија за Денот на Европа

226

Брас квинтетот на Филхармонија вечерва во 20 часот ќе одржи мини концерт во пресрет на Денот на Европа (9 мај). На концертот ќе настапи и Градскиот дувачки оркестар.

Во Брас квинтетот на Филхармонија свират Александар Ниниќ ( туба), Благоја Василевски (хорна), Стефан Илиев (труба), Горан Арменски (труба) и Никола Ристевски ( тромбон).






На програмата се повеќе дела, а ќе бидат отсвирени и химнaта на Р.С. Македонија, „Те деум” од Шарпентје (химната на Евровизија) и Бетовеновата „Ода на радоста” врз чии фрагменти се темели химната на Европа.

Концертот ќе може да се проследи на фејсбук каналите на Секретаријатот за европски прашања

 

Поврзани содржини