МИНЧЕВ УДРИ ЖЕСТОКО ПО ЗОРАН ДАМЈАНОВСКИ ЦИЦ „Последниот што има право да зборува за лукративни мотиви си ти!“
„Не го мешај Бранко Црвенковски во јаловите обиди да го направиш Мартин градоначалник на Куманово. Не бива таа работа – и самиот знаеш!“, му вели вториот човек на ЗНАМ на некогашниот сопартиец.
„Зоран Дамјановски – Циц е последниот кој има право било кого да обвинува за лукративни мотиви. Нека објасни – од каков зорт во 2009 година го напушти СДСМ и премина во друга партија? Дали тогаш желбата за уште еден градоначалнички мандат му беше посилна од ‘љубовта’ кон СДСМ?“
Ова се вели во обраќањето на Горан Минчев, вториот човек на ЗНАМ, до Зоран Дамјановски Циц, поранешен градоначалник на Куманово од редовите на СДСМ. Минчев и Циц одлично се познаваат од времето кога двајцата беа влијателни членови на некогаш моќниот СДСМ.
Минчев вели дека ќе се воздржи од коментар за тоа дали Циц се нудел на ЗНАМ, „од почит кон едни други времиња“, како што додава.
Но, тој директно му се обраќа на некогашниот сопартиец:
„Друже Циц, знам дека сè уште не можеш да преболиш што јас бев генерален секретар, а Радмила (Шеќеринска) претседател на СДСМ, кога те исклучивме од партијата поради твоето отсуство на лична храброст да потпишеш исписница!
Не го мешај Бранко Црвенковски во јаловите обиди да го направиш Мартин градоначалник на Куманово. Не бива таа работа – и самиот знаеш!
Ако можеше ти да бидеш три мандата градоначалник, Максо со целиот свој труд и посветеност сигурно заслужува многу повеќе, затоа што направи повеќе во еден мандат отколку ти во трите мандата заедно!“
Непристојно е, на твоја зрела возраст, друже Циц, да им правиш ќеиф на Заев и Венко и како некое учениче да ја прифаќаш улогата на носител на негативна кампања против ЗНАМ. Мене ме фаќа срам, а камоли твоите блиски.
„Друже Циц, граѓаните на Куманово заслужуваат чесност, посветеност и вистинска грижа, а не политички манипулации и калкулации. Времето на старите политички трикови заврши!“