МИНАТАТА ВЛАСТ ГИ „ПОТОНА“ БАЗЕНИТЕ Министерот Ристовски најави ревизија на проектите

Проектот изградба на 14 типски базени помпезно беше најавен во 2019. Во првата фаза затворени базени покрај Штип, требаше да добијат Кисела Вода, Ѓорче Петров, Карпош, Битола, Кичево, а во наредните две години со градба да се започне во Струмица и Кавадарци. Единствено завршени и ставени во функција се базените во Тетово и Струга, пренесува Алфа.

361

По завршувањето на ревизијата, ќе се крои судбината на штипските затворени базени, кои поранешната Агенција за млади и спорт, почна да ги гради уште во 2019 година. Дополнително, ревизија се прави и на големиот пливачки базен во Охрид, пренесува Алфа.

Според проценките на Министерството за спорт, само 20 до 30 отсто од градежните активности, се завршени






– Скоро сите базени се завршени околу 20 до 30 отсто. Можам да најавам дека ќе се направи комплетна ревизија, па после ќе донесуваме одлуки. Да направиме една линија, да видиме што е сработено, дали правилно е сработено, па потоа. Но, нешто што е започнато не можеме да го вратиме назад, ќе го завршиме! Меѓутоа мора да напоменам тоа ќе биде по завршувањето на ревизијата – изјави министерот за спорт, Борко Ристовски.

Темелите на штипскиот затворен базен, беа поставени во февруари 2020, со ветување дека наредната година ќе биде готов. Но, децата во градот сеуште чекат на првите часови по пливање. Сега објектот е обраснат со трња и опколен со бодликава жица.

Поврзани содржини