Треба да се почитува законот за локални избори, а во законот за локални избори е пропишано како законска норма дека мора да имаме уреди за отисок на прст при гласањето за локалните избори, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
– За да имаме веродостојни локални избори коишто никој нема да ги оспорува и сите партии особено опозицијата да чувствува дека има една рамноправност без да има манипулации, потребно е државата, ДИК, Министерството за внатрешни работи и сите политички партии да обезбедат набавка на фингерпринт уреди. Во спротивно, локалните избори ќе бидат спорни, а такви спорни локални избори можат да доведат до неучество на изборите, непризнавање на изборите, на крајот од краиштата може да бидат и дополнителен хендикеп за евроинтеграциите на Република Македонија, бидејќи не може една држава да организира избори, а да не го почитува законот за локални избори и да нема уред за отисок на прст кој што е законски предвиден – кажа Милошоски.