Милошоски: Тутунарите се незадоволни од третманот на власта, како пратеничка група ќе вршиме притисок трудот да им се исплати

307

Производителите на тутун се многу незадоволни. Прво од ниската откупна цена и второ од декласирањето на тутунот според некоја методологија на мостри кои што не одговараат на квалитетот на произведениот тутун и трето од тоа што гледаат дека во државата за жал некои стопански субјекти блиски до власта увезуваат ориентален тутун што претставува директна конкуренција и го загрозува производството на домашниот тутун, рече пратеникот Антонијо Милошоски при посетата на Демир Хисар и Крушево.

– Затоа како политичка партија побаравме уште во декември минатата година во Собранието да се расправа за оваа тема. Но, за жал владејачкото мнозинство не излезе во пресрет на таквите барања. Сега е продолжен откупот до крајот на март, но гледаме ситуацијата не се менува и голем број на тутунопроизводители остануваат со непродаден тутун а од тоа егзистираат. Цениме дека ваквиот начин и однос од власта не е соодветен со трудот и времето кое се вложува од страна на тутунарите во производството на тутун – рече Милошоски.






Тој најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидат повторно во Собранието оваа тема да ја подигнат во јавноста и со самото тоа да создадат притисок врз властите и компаниите да го испорачаат она што тутунопроизводителите го заслужуваат.

 

Поврзани содржини