Во државава имаме тројца премиери, еден премиер е Заев, другиот е прв вицепремиер Артан Груби, а третиот неформален премиер којшто најчесто се занимава со тендери на неформален начин е Вице Заев, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски од Охрид на новинарско прашањ за аферата со рекетот од 250.000 евра.
– И во случајот на РЕК очигледно е дека тогаш формален директор на РЕК бил Васко Ковачевски, а неформален оној којшто се занимавал со тендерите и кој колку треба да плати за да изврши некоја набавка бил Вице Заев. И во државата е јасно која е неговата улога – истакна Милошоски.
Тој додаде дека Вице Заев може да демантира колку што сака, но колку повеќе демантира толку повеќе станува јасно дека од РЕК се направи една фирма којашто заедно со ЕСМ во 2016-та година била во добивка од 13 милиони евра за денес да биде во загуба од 16 милиони евра.
– Има кусок од 29 милиони евра за коишто одговорни се Васко Ковачевски, и неформалните неговите соработници како Вице Заев и други. И народот ќе ја плати таа цена со зголемена односно поскапена цена на струја. За, жал државата ја плаќа цената со хибриден режим и 111-то место на „Транспаренси Интернешнл“ за корупција, бидејќи тие што се занимаваат со следење на корупција знаат која е улогата на братот на премиерот – нагласи Милошоски.