Милошоски: Со амандмани ќе го блокираме законот со кој амбасадор на Македонија ќе може да има двојно државјанство

Според него, тоа е погрешно решение и кажа дела ќе поднесат 300 амандмани.

1,792

Заедно со колеги пратеници ќе го блокираме предлог Законот за надворешни работи, каде за амбасадор се дозволува да има и друго државјанство, освен македонско, соопшти на фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Според него, тоа е погрешно решение и кажа дека ќе поднесат 300 амандмани.






Прво, како што пишува тој, затоа што измената е произволна и претставува обид законот да се прилагоди на неколку персонални решенија на владините партнери за пополнување на амбасадорски позиции.

– Второ, овие измени се спротивни на Законот за класифицирани информации според кој неопходен предуслов за кандидатот за амбасадор да добие “безбедносен сертификат со степен Државна тајна” е да не е државјанин и на друга држава, а амбасадор без безбедносен сертификат не е амбасадор – вели Милошоски.

– Трето, затоа што дипломатијата, како и безбедноста, е сензитивна професија каде лојалноста кон матичната држава не смее да биде доведена под знак прашалник – пишува Милошоски.

 

Поврзани содржини