Владата на СДСМ е свесна дека има злоупотребено дел од законодавната моќ и повторното свикување на Собранието би им служело како параван тие одлуки после извесна дебата да ги озаконат, изјави Антонијо Милошоски во Топ Тема на Телма телевизија.
– Тоа е политичкиот трик на СДСМ, да се свика Собранието спротивно на одлуката за самораспуштање за да можат сите донесени уредби со законска сила за време на вонредната состојба, кои според мене добар дел немаат допирна точка со вонредната состојба за да се озаконат – вели Милошоски
Тој остакна дека уредбите, според европското право и според нашите закони мора да се поврзани со вонредната состојба.
– Не можете да кажете дека уредбата за неисплатени плати врз основа на договор за дело на одредени вработоени службеници во СЈО дека има врска со вонредната состојба. Нема никаква врска – истакна Милошоски.
Милошоски потенцираше дека откако едно Собрание ќе се распушти, истото не може да биде во заседание, односно нема мандат да носи законодавни одлуки, бидејќи државата има Устав кој што треба да се почитува и одлуки кои што веќе се донесени од страна на пратениците, а тоа е одлуката со 108 гласови за самораспуштање.