Милошоски: Пендаровски денеска се самодемантираше! ВИДЕО

Зошто Пендаровски денес одбра да се самодемантира најдобро знае неговиот другар - носителот на вирусот Заевизам, напиша Милошоски на Фејсбук.

886

Претседателот Стево Пендаровски, заради неговото другарување со Заев изгледа го префати „вирусот” Заевизам – т.е. прво настапуваше со тврдење, а потоа одеше со лажење и самодемантирање, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Тој на Фејсбук напиша дека Пендаровски на 30 мај тврдел дека вонредната состојба се прогласува поради зголемениот број заразени граѓани од ковид-19, а сега, како што напиша Милошоски, само 13 дена подоцна, Пендаровски вели дека никогаш не прогласил вонредна состојба поради бројот на заразени.






„На 30 мај Пендаровски тврдеше дека заради зголемениот број на заразени и починати сограѓани прогласува вонредна состојба! Само 13 дена подоцна Пендаровски „тврди” дека тој никогаш не прогласил вонредна состојба заради бројот на заразени и починати и таквите споредби биле неосновани. Зошто Пендаровски денес одбра да се самодемантира најдобро знае неговиот другар – носителот на вирусот Заевизам“, напиша Милошоски на Фејсбук.

Поврзани содржини