Од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и да одлучува преку онлајн апликации, од едноставна причина што постои јасна уставна норма (чл.69) која налага присуство на собраниските седници, на мнозинство од вкупниот број на пратеници, реагира утрово пратеникот Антонио Милошоски.
Можеби ќе ве интересира
„Од етички аспект, би било нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за да си ја заработат својата плата“, вели Милошоски.
Пратеникот поттикнува уставни измени зошто, како што вели, ако бил Уставот за онлајн сесии ќе пишувало учество , а не присуство, вели Милошоски и го цитира членот 29 од Деловникот – „пратеникот има право и должност да присуствува на седниците на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето“.
