Милошоски оди во самоизолација до 6 јули: Се чувствувам добро и засега немам никакви симптоми

651

Антонио Милошоски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, информира дека ќе биде во самоизолација до 6 јули, по препорака на надлежен епидемиолог, откако неговата мајка Светлана Милошоска, медицинска сестра вработена во болницата во Кичево, извести дека е позитивна на ковид-19.

„Драги пријатели, мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на ковид-19. Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6 јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево.






Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци. До 6 -ти јули ќе имам две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица. Инаку се чувствувам добро и засега немам никакви симптоми. Она што ние како луѓе треба да го правиме е да ги применуваме заштитните мерки, да бидеме внимателни во однос на пандемијата, и да ги почитуваме советите на лекарите. Останатото е на науката и на Бога. Ви благодарам за сите добри желби за моите родители и Ви посакувам добро здравје“, пишува Милошоски.

Поврзани содржини