Милошоски од Струга: Лани згаснале 6.200 компании, имаме 55.000 невработени

Она што нè загрижува е дека во 2020 година во Македонија имаме 6.200 компании кои згаснале и за жал 1.200 компании затвориле на сопствено барање, рече пратеникот Антонио Милошоски.

240

Денес во Струга ќе разговараме со стопанствениците од градот, главната тема ќе биде лошата економска состојба, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

– Она што нè загрижува е дека во 2020 година во Македонија имаме 6.200 компании кои згаснале и за жал 1.200 компании затвориле на сопствено барање. Тоа е потврда дека владата има лоши економски политики чиишто резултат се нови 55.000 невработени. Од тие 55.000 невработени во Струга имаме 4.950 невработени лица што за самиот град претставува голем товар и ја влошува економската ситуација. Затоа сакаме од стопанствениците да побараме совет, мислење и препораки на кои начини преку Собранието можеме да им помогнеме да се подобри оваа лоша состојба – истакна Милошоски.

Поврзани содржини