Милошоски му порачува на Спасовски да ги прегледа камерите во хотел „Буши“, ќе најде снимки со турскиот бос Седат Пекер

Можеби од тие снимки ќе дознаат нешто повеќе за пријателите на Седат Пекер во Скопје. Бидејќи без високи соработници во МВР Седат Пекер не би имал шанси ниту да влезе во Македонија, а уште помалку да извади патна исправа со украден идентитет под името Џадин Амедовски“, пишува Милошоски на Фејбсук.

4,251

Пратеникот Антонио Милошоски пред денешната седница за пратенички прашања на Фејбсук објави одговор од МВР на негово претходно пратеничко прашање, а поврзано со аферата „Двојник“ и средбите што ги имал македонски полициски началник задолжен за соработка со Интерпол со турскиот бизнисмен Седат Пекер во Скопје.

„МВР Спасовски, во свој одговор на пратеничко прашање тврди дека неговиот помошник Рефик Черими, задолжен за соработка со Интерпол, никогаш немал средба со Седат Пекер, турскиот мафијаш кок доби македонска патна исправа. Но, за јавноста да биде убедена дали некогаш имало случајна средба помеѓу Рефик Черими од МВР и Седат Пекер, нарко-босот од Турција, добро е МВР да го замоли „хотел Буши” да ги прегледаат снимките од гостите во ресторанот, од октомври 2020 година. Можеби од тие снимки ќе дознаат нешто повеќе за пријателите на Седат Пекер во Скопје. Бидејќи без високи соработници во МВР Седат Пекер не би имал шанси ниту да влезе во Македонија, а уште помалку да извади патна исправа со украден идентитет под името Џадин Амедовски“, пишува Милошоски на Фејбсук.
Поврзани содржини