Пратеникот Антонио Милошоски на Фесјбук го коментира однесувањето на неговиот колега пратеник Миле Талески, кој пред да стане народен пратеник од позиција на партиски војник барал одговорност за состојбата со заболените од корона во период кога Македонија имаше мала бројка на заразени од ковид-19, а сега кога сме рекордери по зразени и висока смртност, Талески молчи.
Можеби ќе ве интересира
„Миле Талески, сега пратеник од Прилеп, на 15-ти мај рече Наќе Чулев (МВР) е крив за 17 заразени и 2 починати во денот и побара веднаш да си даде оставка. Денес кога имаме над 800 новозаразени дневно и за жал по 15-20 починати од ковид19, а Македонија е неславен рекордер по стапката на смртност во регионот, мегафонот од Прилеп седи во удобна фотеља и не бара оставка ниту од министерот за внатрешни Спасовски, ниту од министерот за корона-статистика Венко Филипче!
Тешка хипокризија!, пишува Милошоски.