После 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од ковид19 повторно дома, напиша на Фејсбук пратеникот Антонијо Милошоски.
– Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато.
Срдечно им благодарам на лекарите од Инфективната клиника-Скопје, како и на сите медицински сестри, кои иако се преморени, деноноќно се борат за секој пациент.
Чувајте се. Ве поздравувам со желби за добро здравје, напиша Милошоски.