Милошоски: Изборот на Црвенковска е спротивен на препораките на Прибе

Прибе препорача во Судскиот совет да нема политички фигури, а Павлина Црвенковска е класична политичка фигура на Зоран Заев и на Бучковски во Судскиот совет, рече Милошоски.

431

Денес при посетата на општина Свети Николе, пратеникот Антонијо Милошоски беше прашан од страна на медиумите за коментар по изборот на Павлина Црвенковска за нов претседател на Судскиот совет.

 – Коментар за изборот на Павлина Црвенковска за претседател на Републичкиот судски совет е дека таа е се она што беше спротивно на препораките на европскиот стручњак Прибе. Прибе препорача во Судскиот совет да нема политички фигури, а Павлина Црвенковска е класична политичка фигура на Зоран Заев и на Бучковски во Судскиот совет – рече Милошоски.






Милошоски додаде дека наместо стручност, нејзиниот избор претставува деградација на мнозинството на судии во Македонија. И ваквата политизација дополнително ќе ја турне Македонија пониско на листата на земји со висока корупција.

– Гледаме дека семејството на госпоѓата Павлина Црвенковска заеднички со Заев имаат тоа што и двајцата и двете семејства навремено веројатно превремено знаеле што ќе се случува со Еуростандард банка, и се правеле одредени малверзации на штета на штедачите, а во корист на одреден тесен круг на фирми блиски до Заеви – појасни Милошоски.

Поврзани содржини