Милошоски: Ќе докажеме дека „Моќник“ е политички мотивиран и правно неиздржан случај

Одбраната, најавува дека со факти, докази и документација ќе го докаже сосема спротивното, во овој, како што велат, политички случај и дека правен апсурд во обвинението е тврдењето дека биле доведени во заблуда 11 советници во општина Македонски Брод со кои, обинетиот пратеник никогаш немал никаква лична, правна и деловна комуникација.

565

Случајот „Моќник” е правно неоснован и политички мотивиран, тоа ќе го докажеме со силата на аргументите, изјави Антонио Милошоски, пред Кривичниот суд во Скопје, еден од обвинетите откако судот објави дека рочиштето се одложува за 23 декември поради тоа што обвинети и нивни бранители до судот доставиле решенија за изолација поради коронавирусот.

– Деновиве ги известив и ги поканив овој предмет да го следат „Коалицијата за правично судење”, Мисијата на ОБСЕ и Мисијата на ЕУ, со цел самите да се уверат дека се работи за арбитререн правно неоснован и политички мотивиран случај. Обвинителниот акт е компромитиран по два основи, прво истрагата ја почнала специјалната обвинителка Катица Јанва, која се занимавала со рекетирање, а продолжена е од нејзината другарка Фетаи, за која Државната ревизија утврдила дека незаконски земала надоместок од 87.000 евра од СЈО. Свесен сум дека дел од обвинителството е под директна контрола на власта и затоа очекувам тие да го користат аргументот на силата, но одбраната со силата на аргументите ќе докаже дека случајот е правно неиздржан и има политичка димензија и цел – изјави Милошоски.






Судскиот предмет се однесува за продажба на имот, стара зграда од 157 квадратни метри и дворно место од 3. 920 квадратни метри во селото Ижиште. Овој објект бил во сопственост на Општина Македонски Брод, а го користела Општина Пласница. Обвинителството тврди дека продажбата била незаконска, а штетата што била предизвикана при тоа изнесувала 1.176.000 денари. Освен пратеникот Антонио Милошоски обвинети се и неговиот татко, потоа поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, поранешниот претседател на Лустрациска комисија Томе Аџиев и деветмината нејзини членови.

Според обвинителството, прво и второобвинетиот, заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист, ги довеле во заблуда советниците во Советот на Општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите.

Одбраната, пак, најавува дека со факти, докази и документација ќе го докаже сосема спротивното, во овој, како што велат, политички случај и дека правен апсурд во обвинението е тврдењето дека биле доведени во заблуда 11 советници во општина Македонски Брод со кои, обинетиот пратеник никогаш немал никаква лична, правна и деловна комуникација. И не само тоа, според одбраната советниците, за кои обвинитеството тврди дека биле во заблуда, никогаш не иницирале процедура за поништување на правните акти за кои гласале и донеле едногласна одлука за продажба за што постојат непобитни докази.

Поврзани содржини