Милошоски: Договорот со Бугарија носеше повеќе проблеми отколку решенија, Бучковски не е добредојден во ВМРО-ДПМНЕ

Јас не верувам во пресврт до крајот на годината. Особено не после овој потег на премиерот да назначи свој специјален претставник за Бугарија, Бучковски. Бучковски како политичар нема кредибилитет во Република Македонија и во поширата јавност.

1,199

Договорот со Бугарија носеше повеќе проблеми отколку решенија. Договорот Заев што го потпиша премногу бараше од Македонија, а од Бугарија само се бараше поддршка да ја даде за преговори со ЕУ, која што за жал денес ја нема, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во гостување на Сител.

– За мене блокадата не е изненадување, затоа што во јули 2017-тата година еден месец пред да се потпише овој договор со Бугарија побаравме и тогаш за чудо добивме средба со премиерот Заев на затворена комисија за надворешно политика во Собранието. Кажавме дека договорот таков каков што е, како нацрт договор тогаш може да создаде повеќе проблеми отколку решенија доколку се потпише. Предложивме пет точки како да се подобри тој договор. Но видовме дека господинот Заев е во ентузијазам на првите месеци како премиер, направи некои како да кажам можеби ПР стратегија за да се појави во Собранието без да земе предвид било кој од нашите забелешки и совети. Го потпиша договорот таков како што беше и денес сме сведоци дека таквиот договор создава навистина повеќе отворени прашања отколку решенија – истакна Милошоски.






Милошоски додаде дека првата забелешка беше во договорот да се вметне еден цивилизиран пристоен начин, формулацијата македонскиот народ и бугарскиот народ. Да се има една динстинкција и да се вметнат овие два термина во смисол на соработка и взаемно почитување.

– Да се вметне терминот македонски јазик кој што би бил спомнат надвор од контекстот на Усатвот, бидејќи македонскиот јазик не мора да значи дека е ограничен само со Уставот. Има Македонци што не живеат во Македонија, а сепак го говорат јазикот – нагласи Милошоски.

Милошоски посочи дека во договорот треба да е изрично направена поделба помеѓу заедничката историја и посебниот дел на историја на двата народи. А, исто така нашата пратеничка група имаше забелешка дека договорот е премногу асиметричен.

– Јас не верувам во пресврт до крајот на годината. Особено не после овој потег на премиерот да назначи свој специјален претставник за Бугарија, Бучковски. Бучковски како политичар нема кредибилитет во Република Македонија и во поширата јавност –  нагласи Милошоски.

– И затоа оној совет кој што беше даден вчера во Вашата емисија од претседателот Пендаровски дека по враќањето на Бучковски кој ќе советува, Бучковски ќе направи посета кај сите политички партии и да ги брифира, јас уште од сега можам да најавам дека Бучковски не би бил добредојден во ВМРО-ДПМНЕ – истакна Милошоски.

Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не го смета за легитимен претставник на државата.

Тој смета дека Македонија во меѓувреме наместо да чека, времето секако ќе помине, добро е по иницијатива на претседателот на државата, на владата, на опозицијата, на Парламентот да смогне сили на една лидерска средба и на една собраниска пленарна седница ако треба да биде од отворен или затворен тип нека процени Владата со какви информации располага да се разговара за една национална европска позиција која што ќе значи утврдување на рамката на нашиот национален идентитет како европска вредност.

– Членство во европска економска зона, тогаш Македонија не треба да пропушта такви шанси. Напротив би требало претседателот Пендаровски доколку за тоа разговарал со францускиот претседател Макрон, со Собранието, со Владата, со МАНУ, со Стопанските комори и другите надлежни институции треба да разговара на оваа тема. За да може Македонија додека го тера процесот за членство во ЕУ да напредува и на друг план. Бидејќи за разлика од пред десет години денес процесот на зачленување во ЕУ не е популарен и во самата ЕУ – посочи Милошоски.

Милошоски рече дека влезот во европска економска зона би ја кренала македонската економија, тоа е отскочна даска која нуди многу предности.

 

Поврзани содржини