Милошоски: Да беше Тесла роден во Македонија, сигурно ќе беше исклучен од меѓуопштински натпревар по физика
Да беше Моцарт роден во Македонија, министерката ќе му забранеше да свири клавир на 4 години, напиша на Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, веројатно алудирајќи на случајот со детето-генијалец Дамјан, за кого Министерството за образование и наука одби да му додели награда.
„Да беше Моцарт роден во Македонија, министерката ќе му забранеше да свири клавир на 4 години. Никола Тесла со сличен изговор ќе беше исклучен од меѓуопштински натпревар по физика, а Ајнштајн нема да добиеше согласност на 8 години да биде префрлен во гимназија, каде по скратена постапка му било признаено целото основно образование“, напиша Милошоски.