МИЛОШОСКИ БАРА ОСТАВКА ОД СПАСОВСКИ За мафијашите Пекер и Вукотиќ имаше пасоши, лични карти и туѓ идентитет!

Цела Европа ни се смее на нефункционални државни институции. Одговорност и оставки, бара Милошоски.

746
МВР остави повеќе од 30.000 граѓани без лична карта, основниот документ кој им е потребен и се бара во секоја државна институција и приватна фирма, но и за меѓусебни договори меѓу физички лица, реагира на Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски.

„А за мафијашите Седат Пекер и Јован Вукотиќ имаше преку ред и пасоши, и лични карти, дури МВР им обезбеди и украдени податоци од туѓ идентитет. Цела Европа ни се смее на нефункционални државните институции. Одговорност и оставки“, бара Милошоски.
Поврзани содржини