Милошоски: Ако им е поважна коалицијата, нема да ги убедиме за инерепелацијата на Николовски и Маричиќ

798

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Антонио Милошоски вели дека  интерпелацијата на министерот за борба против корупцијата и министерот за правда ги најавиле откако ги дознавме најлошите историски резултати на рангирањето на Македонија на 111-то место на листата за корупција во светски размери во друштво со Панама, Уганда, Занзибар и други земји.

– Сметаме дека оваа листа на „Транспаренси Интернешнл“ треба многу да не загрижува бидејќи ја влошува економијата. Интерпелацијата е изработена врз основа на податоци од последните две години и цениме дека власта која што има и свои градоначалници и влада и претседател на држава ја носи одговорноста – истакна Милошоски.






Милошоски додаде дека очекува дека во текот на месец февруари претседателот на Собранието да ја стави интерпелацијата на дневен ред.

– Очекувањата се дека оние луѓе на кои што им е поважна економијата и системот за борба против корупција тие пратеници би ја поддржале интерпелацијата, тие на кои што политичката партија и коалицијата на власт им е поважна веројатно нема да можеме да ги убедиме со аргументи, но јавноста добро е да слушне и да види – рече Милошоски.

Второто прашање поставено од страна на медиумите се однесуваше за автопатот Кичево – Охрид – Струга и кои се негови очекувања околу самата изградба на овој ист автопат.

– Мислам дека автопатот Кичево – Охрид – Струга е најголемиот доказ за неспособноста на власта, од готов проект, од готови финансии, власта не успеа да го доврши овој автопат, а со тоа дополнително не само што ги доведува во ризик луѓето кои го користат овој патен правец, туку и дополнително ја влошува економската состојба. Бидејќи со неработењето на многу фирми од Кичево, Охрид, Струга и од општина Дебарца се прави економска штета – појасни Милошоски.

Поврзани содржини