📷 МИЛОШ БИКОВИЌ САКА ДА ГРАДИ ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС ВО БЕРОВО Мицкоски ги слушна плановите на актерот со потекло од Македонија
На мое задоволство имав средба со познатиот актер Милош Биковиќ кој по потекло е од убавиот македонски град Берово, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со познатиот актер Милош Биковиќ, кој е по потекло од Македонија и кој сака да инвестира во Берово.
„На мое задоволство имав средба со познатиот актер Милош Биковиќ кој по потекло е од убавиот македонски град Берово. Разговаравме за неговата иницијатива за инвестиција во хотелски и рекреативен комплекс во Берово. Ме радува неговата иницијативност и љубов кон Берово и Македонија. Така се почитуваат своите корени“, објави Мицкоски.
View this post on Instagram