МИЛОШ БИКОВИЌ КОНЕЧНО ОТКРИ Оваа холивудска ѕвезда ќе игра во „Јужен ветар“ (ФОТО)

Станува збор за холвудскиот актер Мајкл Медсен (64) кој глумел во повеќе од 100 филмови.

873

Милош Биковиќ (33) на својот твитер-профил го објави името на холивудскиот актер кој ќе игра во следната сезона на серијата „Јужен ветар“.

Станува збор за Мајкл Медсен (64) кој глумел во повеќе од 100 филмови, а веројатно најзабележителни улоги му се – Г-дин русокос (Вик Вега) во „Улични кучиња“, Бад во „Убиј го Бил 2“, Сони во „Дони Браско“, „Град на гревот“, „Умри друг ден“…






„Добредојде во екипата на ЈВ! Мајкл Медсен ќе игра една од улогите во следната сезона на серијата „Јужен ветар““, напиша Биковиќ.

 

Да потсетиме, режисерот на „Јужен ветар“, Милош Аврамовиќ, претходно изјави дека љубителите на ова остварување ги очекуваат бројни изненадувања.

– Ќе има актери и во серијата, не само во филмот, но засега не можам да ги откријам имињата. Веќе имаме потпишано некои договори и таа работа е завршена, со некои сѐ уште сме во преговори, но сѐ уште не можам да зборувам за тоа – рекол Аврамовиќ, а на прашањето да открие барем „колку се“, тој одговорил:

„Четири! Ќе ги има четворица во серијата, а за филмот ќе видиме, ќе ги има уште многу! Носиме две холивудски и две руски ѕвезди, од кои едната е легендарна и во следниот месе можеби ќе можеме да откриеме повеќе. Следниот филм и втората сезона од серијалот нема да бидат само балкански туку европски проект, а јас сум презадоволен од сценариото. Го читам цело време и нестрплив сум да почнаме со снимањето. Веќе во април, мај започнуваме со снимање на втората сезона од серијата, по што ќе го снимаме и третиот филм. Се ближиме до крајот на сагата, но можеби повторно ќе се сретнеме.“

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини