МИЛОШ БИКОВИЌ ИТНО ОПЕРИРАН Актерот доживал тешка повреда во Русија

Милош се чувствува добро, моментално е во Белград.

1,209

Актерот Милош Биковиќ бил опериран поради тешката повреда со која се здоби на крајот на минатата година.

Повреден е во Русија, каде со години работи на успешни филмски проекти.






– Биковиќ го повреди коленото. Повредата беше комплексна, се случи на крајот на декември. Имаше две тешки операции, едната веднаш по повредата, другата пред две недели – открил за „Блиц“ извор близок до актерот.

Тој беше опериран во Русија, каде беше повреден на снимањето.

– Закрепнувањето сѐ уште е во тек и веројатно ќе потрае уште еден месец или два – додаде изворот.

Милош се чувствува добро, моментално е во Белград.

– Најблиските се со него, а штом се опорави ќе продолжи со снимање во Москва – заклучил изворот.

Поврзани содржини