📷 МИЛОШ БИКОВИЌ И ИВАНА ГО ИЗБРАА ИМЕТО ЗА НАСЛЕДНИКОТ Откриено како ќе се вика синот на актерот – го разоткри колега!

Српските медиуми пишуваат дека Биковиќ и неговата избраничка Ивана Малиќ наводно на синот му го дале името Василије.

1,576

Српскиот актер Милош Биковиќ на својот син му го дал името Василије!

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ станаа родители вчера, на 9 јануари. Ивана се породи во приватна белградска болница и на свет донесе момче, а Милош цело време бил со својата свршеница.






Српските медиуми пишуваат дека Биковиќ и неговата избраничка Ивана наводно на синот му го дале името Василије.

Името го „откри“ колегата на Милош, Милош Петровиќ Тројпец, кој објави селфи со Биковиќ и напиша:

„Вааааа“.

Да потсетиме, Милош и Ивана се во врска нешто повеќе од две години, а се свршија во ноември минатата година.

Актерот за првпат ја претстави својата избраничка пред јавноста на премиерата на филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“ во 2021 година.

Ивана потекнува од Бар, Црна Гора, а по професија е адвокатка.

 

Поврзани содржини