МИЛО МИ Е ШТО МИЦКОСКИ И АПАСИЕВ СЕ ИЗРАДУВАА ВО БЛАГОЕВГРАД Тоа е придобивка на договорот за добрососедство, рече Ковачевски

Владата следната недела ќе поднесе официјално барање до владата на Бугарија со цел отворање на културно информативен центар на Северна Македонија во Благоевград – најави Ковачевски.

579

Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господинот Мицкоски и господинот Апасиев, имаа можност слободно да одат и да се радуваат на отворање на македонски културен клуб во Бугарија. Сметам дека тоа е една од придобивките на договорот што го направивме со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите со Европската Унија и среќен сум што дури и опозицијата го праизнава тоа. Единствено што барам е да покажуваме сокогаш добрососедски односи и да нема тензии или непотребно конфликти кога се прават посети помеѓу двете држави или посети со било која држава – изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција.

На прашање зошто и самиот не присуствуваше на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Ковачевски рече дека прво, денеска имал важна седница на владата посветена на мерките за помош на прехранбената индустрија, и второ, како што рече, затоа што владата следната недела ќе поднесе официјално барање до владата на Бугарија со цел отворање на културно информативен центар на Северна Македонија, такви какви што имаме во Софија, Тирана, Сараево, каде што ќе можат сите граѓани кои се самоопределуваат како Македонци, да го посетуваат, да се запознаваат со нашата култура, литература и се она што значи македонско наследство. Тоа ќе биде државен културно-информативен центар и тоа ќе биде негово име, рече Ковачевски.






За тоа дали можеби наредната недела ќе го посети клубот, Ковачевски рече дека следната недела ќе биде во Берлин на конференција за берлинската иницијатива, каде ќе има потпишување договори со земјите од Западен Балкан.

Во однос на изјавата дека бугарските власти треба да истражат кој стои за отворање на клубот во Благоевград, Ковачевски рече дека тоа го кажал во однос на регистрацијата, дека тоа кај нас го прават нашите институции, додека во други држави, тоа го прават нивните институции.

– Не можат наши институции да прават проверки во друга држава, ниту пак може друга држава да прави било какви проверки во нашите институции во нашата држава – изјави Ковачевски.

Ковачевски, исто така, посочи дека тој е премиерот што вети дека Северна Македонија ќе ги отпочне преговорите со ЕУ со чист македонски јазик и со заштитен идентитет и дека со потпишувањето на договорот со Фронтекс тоа е потврдено.

– Со потпишувањето на договорот со Фронтекс пред само неколку дена во присуство на претседателката на ЕК, каде што нашиот чист македонски јазик е ставен на ист договор со сите други јазици на ЕУ, одобрен од сите 27 земји членки, го потврдивме и ги исполнив своето ветување, изјави Ковачевски.

Поврзани содржини