МИЛОЈЕВИЌ Е НОВ ТРЕНЕР НА ЦРВЕНА ЅВЕЗДА Станковиќ попладнево поднесе оставка

174

По оставката која попладнево ја поднесе Дејан Станковиќ на тренерското место во Црвена ѕвезда за негов наследник на клупата на српскиот фудбалски шампион е назначен Милош Милојевиќ, објави белградскиот клуб.

Милојевиќ, од 2019 до 2021 година му беше помошник на Станковиќ по што го презеде шведскиот прволигаш Хамарби.






Минатата сезона Милојевиќ беше тренер на Малме, а доби отказ на крајот од јули по елиминацијата од литвански Жалгирис во квалификациите за Лигата на шампиони.

Тренерското место во белградска Црвена ѕвезда остана испразнето, откако Станковиќ денеска поднесе неотповиклива оставка поради елиминацијата во плејофот во Лигата на шампиони од израелски Макаби.

Поврзани содржини