„МИЛИТАНТНА“ МИ Е КРАВАТАТА, АМА И ЧОРАПИТЕ Артан Груби вака одговори на критика од новинар за неговиот стајлинг
Ако така се интерпретира, јас ќе си ја симнам краватата и нема да ја ставам веќе никогаш и ќе ви ја подарам на вас, заврши Груби и замина.
Краватата со сино-сива воена шара на вицепремиерот Артан Груби го задржа вниманието на новинарите на денешната пресконференција во Владата на која беа присутни и премиерот и неколку министри.
Еден од новинарите праша:
– Нели е време ДУИ да премине со граѓанска програма, граѓански концепт, а не националистички, да кажам милитантен…бидејќи таква е краватата – праша и констатира новинарот.
Настана општа смеа во салата. Груби одговори:
– Значи не е само краватата, туку и чорапите се. Така што…се работи за стил – одговори вицепремиерот покажувајќи ги чорапите, а во исто време почна да ја симнува и краватата.
– Ако така се интерпретира, јас ќе си ја симнам краватата и нема да ја ставам веќе никогаш и ќе ви ја подарам на вас – заврши Груби и замина.
Појавувањето на Груби на пресот по повеќедневно споменување на неговото име и наводно поврзаните случаи со него, што ги објавува опозициската ВМРО ДПМНЕ. Во еден момент настапи тензична атмосфера, кога еден од новинарите го употреби зборот „забегани“. Груби одби да одговори.