МИЛИОНСКИ ШТЕТИ Изгореа две јахти во Тиват (ВИДЕО)
Покрај двете јахти на кои директно избувнал пожарот, пожарот оштетил и друг брод во близина. Во гаснењето на пожарот учествувал и противпожарниот брод „Јована“ на марината Порто Монтенегро.
Пожар избувнал во марината „Навар“ во тиватската населба Бониќи, информира порталот ЦДМ од Службата за заштита на општина Тиват.
Пожарот зафатил две јахти на пристаништето, но повеќе детали не се познати. Пожарникарите од Тиват, на кои им помагале колеги од три доброволни противпожарни бригади, го локализирале пожарот нешто пред 19 часот и спречиле да се прошири на други јахти лоцирани во близина на двата запалени брода.
Покрај двете јахти на кои директно избувнал пожарот, пожарот оштетил и друг брод во близина. Во гаснењето на пожарот учествувал и противпожарниот брод „Јована“ на марината Порто Монтенегро.
Штетата е милионска, но пожарникарите досега успеале да спречат истекување и експлозија на нафта од резервоарите на запалените јахти.