МИЛИОНСКИ ДОГОВОР ЗА АНКЕТИ Арсовска склучила договор за истражување на јавното мислење

768

Речиси еден милион денари ќе потроши градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за спроведување анкета на јавното мислење, објави порталот 24 инфо, повикувајќи се склучениот Договор од кој ја објави првата страница.

Според информациите објавени на сајтот на Бирото за јавни набавки, Град Скопје на 10 октомври склучил договор со Институтот за политички истражувања Скопје вреден 987.000 денари за спроведување на анкети истражување на јавното мислење.

Поврзани содржини