📷📽 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ВО СЕВЕРНА АМЕРИКА ГО ГЛЕДАА ЗАТЕМНУВАЊЕТО НА СОНЦЕТО На спектакуларната глетка не одолеа ни Џо Бајден
На некои места, Месечината целосно го блокираше Сонцето повеќе од четири минути. Затемнувањето беше видливо по линија која започна во Мексико, а потоа помина низ САД и Канада.
Милиони луѓе во Северна Америка чекаа целосно затемнување на Сонцето – и го добија. На некои места, Месечината целосно го блокираше Сонцето повеќе од четири минути. Затемнувањето беше видливо по линија која започна во Мексико, а потоа помина низ САД и Канада.
Вљубениците во затемнувањето се собраа на локации долж „зоната на тоталитетот“, вклучувајќи го и централниот тексашки град Фредериксбург, каде што целосното затемнување се случи кратко по 13:30 часот (20:30 часот по средноевропско време). Неколку часа пред затемнувањето, луѓето беа подготвени на своите позиции со очила, двогледи и камери.

Меѓу градовите во зоната на тоталитетот се: Мазатлан во Мексико, Сан Антонио, Остин и Далас во Тексас, Индијанаполис во Индијана, Кливленд во Охајо, Ири во Пенсилванија, Нијагарините водопади во Њујорк и Нијагара Фолс во Онтарио, местото на познатиот водопад и Монтреал во Квебек.

Експертите ги советуваа набљудувачите на затемнувањето да користат заштитни сончеви очила за да спречат оштетување на очите од гледањето на Сонцето со голо око, па таквите очила се делеле на места каде што се собирале луѓе.
Целосното затемнување започна во Мексико од каде пристигнаа и првите фотографии, а потоа граѓаните на САД и Канада се восхитуваа на истата глетка.

Делумно затемнување беше видливо во Северна Америка надвор од зоната на тоталитетот.
На спектакуларната глетка не одолеа ни американскиот претседател Џо Бајден.
Бајден со заштитни очила го чекаше затемнувањето во Белата куќа. Неговото видео е прегледано повеќе од 3 милиони пати.
An eclipse is worth marveling at.
But don’t be silly, folks – play it safe and wear protective eyewear. pic.twitter.com/S6REAiZ735
— President Biden (@POTUS) April 8, 2024
„Затемнувањето е восхитувачко. Но, немојте да бидете смешни, луѓе – играјте на сигурно и носете ги вашите очила“ – напиша американскиот претседател на Твитер.