МИЛИОНЕРОТ КАЕВСКИ ПЕЧАЛЕЛ ДОДЕКА НАРОДОТ СЕ ГУШИ Остра реакција на ВМРО-ДПМНЕ на апелот на портпаролот на СДСМ
Милионерот Каевски може и во штабот на СДСМ да му каже на директорот на ЈСП, кој е нивен кадар, да го зголеми бројот на автобуси кои сообраќаат, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Тој е истиот директор, кадар на СДСМ, кој го потпиша 27-милионскиот договор за набавка на гориво, без да биде предвиден вообичаениот рабат и со тоа е оштетено претпријатието за 1,5 милиони евра. Доколку не беа тендерите на Ковачевски и Арсовска, сега ќе имаше и повеќе автобуси кои би сообраќале, тврди партијата.
„Лицемерно е Каевски, кој е милионер на свои триесетина години, а до сега бил само државен функционер, 7 години во СДСМ да не го отвори прашањето со загадениот воздух.
Додека Каевски ги печалел милионите, народот се гушел и се уште се гуши. Доволно е да се погледне анкетниот лист на Каевски со над 4 милиони на сметка и стан од над 60 м2 и на секој ќе му биде јасно дека тој додека бил функционер работел само за себе“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Каевски денеска ја повика ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати мерките што ги предложи СДСМ против аерозагадувањето и да се одржи вонредна седница на Советот на Град Скопје.