Милионер пронајден искасапен во стан во Њујорк, сестра му ја затекнала морничавата глетка

767

Милионерот Фахим Салех е пронајден мртов во неговиот стан во Њујорк. Страшната глетка ја затекнала неговата сестра која била загрижена бидејќи не ѝ се јавувал. Кога влегла во станот, виде дека неговите глава и екстремитети се исечени со пила, која сè уште била вклучена во струја. Според првите информации, сите делови од телото биле сместени во пластични ќеси.

Наводно, камерите во зградата го снимале осомничениот со ракавици, капа, маска и куфер како влегува во лифтот со Салех до станот.






Салех и осомничениот заедно отишле во неговиот стан на седмиот кат, а кога излегле од лифтот, се случил нападот. Тој паднал на подот, но сè уште не е познато дали напаѓачот го застрелал.. Поради начинот на кој е организиран нападот, полицијата смета дека станува збор за професионална егзекуција.

– Осомничениот со себе имал куфер, очигледно станува збор запрофесионалец – рекол неименуван извор од полицијата.

Како што се истакнува, полицијата се изненадила од тоа што на лице место пронашла мошне малку крв, со оглед на тоа дека Салех бил целосно распарчен, па се верува дека поголемиот дел го отстранил напаѓачот.

Истражувачите се обидуваат да утврдат дали токму сестрата на Салех го прекинала убиецот при отстранување на деловите од телото, како и дали убиецот искористил друг излез за да ја напушти зградата.

– Имаме торзо, главата е отсечена, како и рацете и нозете. Сè е сѐ уште е на лице место, но и понатаму не знаеме кој е мотивот – рекол портпаролот на њујоршката полиција, наредникот Карлос Нијевес.

Салех е поранешен развивач на веб-страници, кој станал извршен директор на курирската служба во Лагос, Нигерија, а милионерот неодамна купил луксузен стан на Менхетн за два милиони долари.

Според зборовите на неговите пријатели, Салех своето богатство го стекнал самостојно, а неговата страст биле гаџети и видео игри. За него се вели дека уживал да ги донесе технолошките компании во неразвиените земји како Нигерија и Индонезија. Тој е син на имигранти од Бангладеш, а веќе како тинејџер научил да кодира и развива апликации. Потоа дипломирал на универзитетот „Бентли“ во Валтам, Масачусетс, па дури и тогаш имал успех со апликацијата „PrankDial“, која е направена за да испраќа смешни телефонски повици.

Foto: Facebook/Fahim Saleh

Поврзани содржини