МИЛИОН ЕВРА ИСПЛАТЕНИ КОН ИГРАЧИТЕ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Тројца станаа супер милионери, а 20 „обични“ милионери
Еден милион евра им исплати Видеолотарија Касинос Австрија во април на играчите за ВЛТ добивки. Среќните статистики од овој месец покажуваат: 3 Супер милионери, нови 20 милионер џекпот добитници и дури 2081 играчи кои освоија Мини џекпот добивки.
– Април ни донесе нови рекорди со ВЛТ добивки и многу нови среќни ВЛТ приказни. ВЛТ играчите на Видеолотарија Касинос Австрија изминатиот месец заедно поделија фантастични 61.220.100 денари. Тројца играчи на видеолотариските терминали, во април освоија Супермилионер џекпот и заедно поделија 21.823.750 денари. Среќната низа ја започна Д.К. од Штип кој играјќи ја „шајнинг краун“ на 07.042025, освои Супер милионер џекпот вреден 7.441.290 денари. Една недела подоцна, на 15.04.2025 веќе го имавме вториот среќен добитник на Супер милионер џекпот. С.Ц. од Куманово освои неверојатни 7.595.261 денари. Негова среќна игра е „ултимејт хот“. Последен во оваа среќна низа е Н.С. од Охрид, кој играјќи ја „брнинг хот“, на 23.04.2025 освои Супер милионер џекпот вреден 6.787.199 денари – рекоа од Видеолотарија Касинос Австрија.
20 ВЛТ играчи станаа среќни милионери, освојувајќи Милионер џекпот добивки. Тие заедно поделија сума од 30.048.208 денари. Во април се радуваа и играчите кои освоија МИНИ џекпот и заедно поделија 9.348.142 денари.
– Видеолотарија Касинос Австрија со гордост споделува дека во текот на изминатите 10 години од нашето работење, кон играчите на видеолотариските игри на среќа, исплативме сензационални три милијарди денари. Компанијата работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа, што ни овозможи лидерска позиција на полето на електронските игри на среќа – додаваат од компанијата.
Забавата со ВЛТ продолжува возбудливо. Во исчекување е премиум џекпот со автомобил кој сите го посакуваат – „мерцедес АМГ“, кој влезе во зона на паѓање. Оваа фаза е дефинитивно една од најочекуваните, а можеби токму Вие ќе бидете следниот среќен добитник, додаваат од ВЛТ.