МИЛИОН АМЕРИКАНЦИ ГО ИЗГУБИЛЕ МИРИСОТ ПОРАДИ КОРОНА Аносмијата е редовен симптом на болеста
Претходни студии исто така сугерираат дека 30 до 80 отсто од луѓето кои се заразиле со ковид-19 ќе доживеат одреден степен на аносмија. Но, скоро 90 отсто од нив подоцна го враќаат чувството за мирис, често за само две недели, бидејќи инфекцијата обично ги оштетува клетките што го поддржуваат мирисливиот нерв, а не самиот нерв. За жал, 5 отсто од случаите ќе доживеат трајно губење на ова сетило.
Над милион Американци можеби трајно го изгубиле чувството за мирис поради прележан коронавирус, а шансите да закрепнат се мали, открива неодамнешна студија објавена во списанието JAMA Otolaryngology. Овие граѓани пријавиле долгогодишно губење на сетилото за мирис, наречено аносмија, а до 1,6 милиони претрпеле аносмија која траела шест месеци, пишува ИнтересноИнженерство.
Претходни студии исто така сугерираат дека 30 до 80 отсто од луѓето кои се заразиле со ковид-19 ќе доживеат одреден степен на аносмија. Но, скоро 90 отсто од нив подоцна го враќаат чувството за мирис, често за само две недели, бидејќи инфекцијата обично ги оштетува клетките што го поддржуваат мирисливиот нерв, а не самиот нерв. За жал, 5 отсто од случаите ќе доживеат трајно губење на ова сетило и тоа во моментов се над милион Американци.
За да заболиме од аносмијата има повеќе можни причини, а една од нив е страдање од респираторен вирус. Баш како ковид-19. Проблемот е што, на научниците и лекарите им требаше долго време да утврдат дали аносмијата е еден од симптомите на короната. А по аносмијата, често знае да следи и губење на вкусот, бидејќи двете сетила се поврзани.
Понекогаш, луѓето кои се заразиле со вирусот може да страдаат од паросмија, што е измешано чувство за мирис што може да доведе до бизарни искуства кога обичните вообичаени мириси предизвикуваат чувство за мирис на отпадни води, ѓубре или други неискажливо ужасни мириси.
– Во последните неколку месеци, моите колеги и јас забележавме драматично зголемување на бројот на пациенти кои бараат лекарска помош поради дисфункцијата на мирисот – рече отоларингологот Џеј Пицирило од Универзитетот Вашингтон, Сент Луис, кој исто така е уредник на JAMA Otolaryngology.
Земајќи ги проекциите за тоа колку брзо се шири ковид-19, Пицирило и неговите колеги истражувачи ги процениле шансите некој да развие аносмија од инфекција со коронавирусот, покрај веројатноста да страда од хронична аносмија. Според нивното истражување, некаде помеѓу 700.000 и 1,6 милиони американски граѓани претрпеле загуба или промена на сетилото за мирис што траело повеќе од шест месеци, директна поврзано со заразувањето со ковид-19, од август 2021 година.
Но, работите да бидат уште полоши, се вели во извештајот. Пандемијата технички сè уште не е завршена, што значи дека многу од нас можат да се заразат со болеста. Тие ќе имаат прилика да видат дали сетилото за мирис ќе им откаже.