МИЛИКИЈЕ ХАЛИМИ МУ ДАЛА СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО НА МАЛОЛЕТНИК? Левица открива стара афера за новата директорка на „Аеродроми“

Во 2019 година, Судот пресудил дека Општина Арачиново преку Миликије Халими, со пропуштање на должен надзор му дозволила на возачот, кој е малолетно лице, да управува со нивното возило без да се стекне со право на управување на моторно возило - факти според кои се утврдува постоењето на прекршочната одговорност! Ова го потврдува непрофесионалното работење на партиските кадри на Заев, кои продолжуваат да ги уништуваат државните институции и под владеењето на Ковачевски, реагираше Левица преку соопштение.

1,300

Новоназначената директорка на АД „Аеродроми“ и поранешна градоначалничка на Општина Аеродром, Миликије Халими, била правосилно осудена во 2019 година поради тоа што дозволила со службено возило да управува малолетно лице, тврди Левица преку партиско соопштение.

„Скандалозниот избор на поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, Миликије Халими, ја потврди партизацијата и заробеноста на државата, која Македонија ја претворија во хибриден режим. Оваа вечна функционерка на СДСМ, со средно медицинско образование, ќе раководи со двата меѓународни аеродроми (во оној дел кој не е под концесија на ТАВ), како и со спортските аеродроми. За непрофесионалното работење на Халими говори податокот до кој дојде Левица, според кој Халими била правосилно осудена додека била градоначалник на Општина Арачиново. Имено, во 2019 година, Судот пресудил дека Општина Арачиново преку Миликије Халими, со пропуштање на должен надзор му дозволила на возачот, кој е малолетно лице, да управува со нивното возило без да се стекне со право на управување на моторно возило – факти според кои се утврдува постоењето на прекршочната одговорност! Ова го потврдува непрофесионалното работење на партиските кадри на Заев, кои продолжуваат да ги уништуваат државните институции и под владеењето на Ковачевски. Како Халими ќе раководи со стратешки ресор, како што се аеродромите, кога веќе на суд е докажано нејзиното недомаќинско работење во општина Арачиново?“, прашува Левица во соопштението.






Од партијата бараат Владата да ги надмине свите теснопартиски интереси и итно да ја разреши Халими од позицијата генерален директор на АД „Аеродроми“.

Поврзани содржини